Во трговски центар во Калининград, Русија, беше „изложена“ соба на која никој не би можел да ѝ одолее, особено не страсните љубители на чоколадото. Дневната соба била изработена целосно од чоколадо.
Слатката просторија ја изработила скулпторката Елена Климент, а притоа потрошила 420 килограми темно, млечно и бело чоколадо. За една недела таа успеала да создаде 54 различни предмети од кои се навлажнува устата.
Елена признала дека многу било забавно изработувањето на предметите и самиот процес го споредила со создавање на скулптури од мраз. Искусната скулпторка објаснила и дека ѝ било потребно подолго време додека да создаде смеса која нема да се топи на температура од
Пред една недела собата била раскршена на парчиња кои им биле разделени на посетителите на трговскиот центар.