Наталија Кузнецова е веројатно најмускулестата жена на светот. Силната Русинка која непрекинато вежба, освојува медали и поставува рекорди, имаше направено 18-месечна пауза, но им се враќа на натпреварувањата поразвиена отсекогаш.
Веднаш може да се види зошто 26-годишната бодибилдерка привлекува огромно внимание. Нејзината мускулеста фигура ококорува очи и подзинува усти, а на Instagram ѝ има донесено 200 илјади фанови.
Наталија започнала да тренира со тегови на 14-годишна возраст, кога тежела околу 40 килограми. Сега нејзината телесна тежина е 90 килограми, но нејзиното тело нема воопшто масти. Таа тренира по неколку часа дневно и наместо зачини, во храната редовно става протеини во прав.