Сте се запрашале ли како би изгледале занесните анимирани принцези на Дизни кога би биле реални? Студентот по графички дизајн Јирка Ваатаинен ни ја нуди неговата замисла во вид на прекрасни детални фотографии.
„Отсекогаш сум бил заинтересиран за изгледот на луѓето и за она што е уникатно кај нив. Ми претставуваше личен предизвик да ги пресоздадам ликовите кои сите ги знаеме и сакаме, а да се обидам да ја задржам нивната уникатна физиономија“ – изјавил инвентивниот дизајнер. Тој ги направил фотографиите со комбинирање на елементи од различни фотографии од реални жени кои наликувале на ликовите на Дизни, а потоа ги комплетирал со дигитално цртање и Фотошоп. Финалните фотографии се интересни и забавни.
Да, да, последната не е принцеза.