Фотографиите од заспаните пријатели Тео и Боу во 2013 година го освоија светот. Сега неразделните спанковци имаат нова придружничка во своите попладневни дремки – сестричката Еванџелин.
Џесика Шиба, мајката на двете дечиња, секојдневно објавува фотографии од совршеното дуо кое прерасна во трио и има привлечено над половина милион обожаватели на Instagram.
„Кога еднаш ќе заспијат, спијат подобро затоа што има некој блиску до нив. Никогаш не ја напуштам собата додека спијат“ – рекла Шиба.
Пријателството на Тео и Боу започна пред повеќе од една година. Мајката на Боу на својот блог тогаш раскажа дека го посвоиле Тео од засолниште за напуштени животни. На третиот ден, додека го заспивала Боу, кученцето заспало врз малото момче. Оттогаш Тео не пропушта шанса да поспие со својот пријател, а сега и со новата мала пријателка.