Филмовите на Дизни поставија нереалистични очекувања за љубовта – секоја девојка да го очекува својот принц. Но, овие фантастични бајки создадоа и нереален приказ на женската убавина.
Сепак, фотографот Рајан Астаменди успеа да ги оживее принцезите на Дизни со реални жени. Костимите, фризурите и цртите на лицата на неговите модели на магичен начин го доловуваат изгледот на познатите принцези.
„Принцезите се најпопуларните фотографии во моето портфолио. Навистина уживам во таквите проекти, но за нив е потребна многу работа... веројатно многу повеќе отколку што можете да си замислите“ – вели Рајан, кој 18 години работел во Дизни.
Погледнете како Рајан ги донесе принцезите плус ликот на Џесика Ребит во реалноста.