Принцезите на Дизни отсекогаш биле инспирација за млади уметници кои на креативен начин го модифицирале нивниот изглед. 17-годишната Украинка Викторија, која на сајтот Deviant Art се претставува со корисничкото име viria13, објави интересни модни интерпретации на изгледот на принцезите како Пепелашка, Покахонтас, Снежана и Ариел.
Како што објаснува самата авторка, не внимавала да го долови вистинскиот лик на принцезите, туку сакала да направи шик модерни комбинации. Талентираната девојка објаснила дека знае дека Анастасија не е принцеза на Дизни, но решила да ја вклучи поради тоа што таа ѝ е омилена принцеза од цртаните филмови.
Погледнете како Викторија ги замислува Дизни принцезите во модерна облека. Можеби некоја од нив е облечена во вашиот стил...