Сè повеќе и повеќе парови низ светот се одлучуваат да живеат во „домови на тркала“. Еден од тие парови се Чарли МекВикар и Лук Вокер.
26-годишната девојка и 27-годишниот дечко купија автобус на два ката и го претворија во удобно место каде среќно живеат веќе трета година.
Чарли и Лук не сакале да заглавуваат во долгови и да плаќаат кирија за наем на простор за живеење, па поради тоа се одлучиле на ваков чекор.
„Обожаваме да патуваме и сакавме флексибилност. Вака имаме повеќе простор и слобода од повеќето луѓе кои ги познаваме“ – вели парот.
„Имаме сè што нормално би имале и во куќа. Сметам дека ништо не ни недостасува“ – изјавила Чарли.
Кога не патуваат, Чарли и Лук му плаќаат мала сума на пари на нејзиниот татко за да го сместат автобусот на дел од неговиот имот. Тие живеат во близина на бара и чуваат две кози.
„Навечер е како бонус. Многу е темно и никој нема наоколу. Тивко е и смирувачко“ – објаснуваат тие.