Многумина го исмејуваа, но фамозниот шешир на принцезата Беатрис стана огромен хит, а сега и ќе се најде на аукција за собирање на средства за добротворни цели.

Креацијата на Филип Трејси ќе се најде на аукција на eBay, а собраните парични средства ќе бидат донирани во УНИЦЕФ и за децата во криза. Тоа го соопшти војвотката Сара Фергусон, мајката на принцезата Беатрис, за време на нејзиното гостување во шоуто на Опра.
22-годишната принцеза го избра овој шешир за кралската свадба и го комбинираше со палто на Валентино, а поради невообичаената форма, тој веднаш стана сензација. Популарниот шешир има и своја Facebook страница со над 136 000 обожаватели, а беше и инспирација за создавање на многу комични фотографии.
Дизајнерот Филип Трејси изјави дека негова инспирација биле „убавината и елеганцијата“. Неговите креации се продаваат за околу 3 300 долари.