Швајцарскиот бренд Chopard во соработка со италијанската компанија De Rigo Vision ги претстави најскапите очила за сонце на светот.
За изработка на уникатните очила се искористени 51 дијамант и 60 грама 24-каратно злато. Познатото лого „C“ на Chopard е поставено од двете страни на луксузните очила.
Првото претставување на скапите очила беше во Милано во март, но сега беа изложени и во Дубаи. Сè уште не е познато колку точно ќе треба да плати оној кој ќе посака да ги има гламурозните очила, но се претпоставува дека цената се движи околу 300.000 евра.