Најскапата куќа во Њујорк се продава. Но, огромната куќа, која се наоѓа во богатата населба Upper East Side во Менхетн, ќе добие нов сопственик само ако тој има да плати 90 милиони долари.
А откако ќе ја купи, сопственикот ќе може да ужива во 10 спални, 11 бањи, 3 кујни, библиотека, градина и соба за вежбање. Само во дневната соба новиот сопственик ќе може да покани 50 гости за вечера.
Куќата, која има површина од 1672 метри квадратни, била купена во 1995г. за 6 милиони долари и била целосно реновирана, па токму затоа и е толку скапа.
За оние пак кои сакаат да поживеат во овој раскош, а немаат 90 милиони на банка, има понуда за изнајмување на куќата. Сепак, и тоа не е евтино. Киријата за еден месец чини 210 000 долари.