Лондонската компанија Marazzi Design ја претстави најскапата кујна на светот, наречена Colosseo Oro.
Екстравагантната кујна позлатена со 24-каратно злато чини речиси 350 000 евра, а нејзината цена треба да ја оправдаат луксузните материјали искористени за нејзино создавање, како сваровски кристали, венецијанско стакло и крокодилска кожа.
Привилегија да поседуваат ваква кујна ќе имаат само 10 луѓе низ светот.