Ако сте на диета, подобро да не гледате во слаткото гигантско јајце кое беше презентирано во Аргентина на огромна радост на обожавателите на чоколадото.
Велигденското чоколадно јајце претставено во Сан Карлос де Барилоче тежи нешто повеќе од 4 тона и најверојатно ќе влезе во Гинис, бидејќи е најголемото чоколадно јајце направено кога било досега.
Дваесет и седум пекари работеле цели две недели за да подготват доволно чоколадо за „градењето“ на јајцето високо 8,5 метри и широко 5 метри.
Набрзо по изложувањето на Фестивалот на чоколадото, јајцето започнало да се топи и ги наполнило устите на насобраните.
Најголемото чоколадно јајце досега беше направено во Белгија и беше високо 8,3 метри.