Обожавате да сте на високо и од горе да го гледате светот? Тогаш сигурно ќе ви се допадне највисокиот хотел на светот.
Поставен на врвот на облакодер во Хонг Конг, хотелот „Ritz-Carlton“ ги воодушевува туристите не само со прекрасната глетка на пристаништето и градот, туку и со својот луксуз.
Хотелот го зазема просторот од 102-риот до 118-кат на облакодерот висок 490 метри. Луксузниот „Ritz-Carlton“ е хотел со 5 ѕвезди, а има 312 соби, 3 ресторани, СПА, базен и бар за гостите да се чувствуваат најдобро што може.
По 11 години макотрпна работа, хотелот вчера ги отвори вратите за јавноста. Погледнете со што ќе ги мами „Ritz-Carlton“ богатите гости.