Џунг Да Јеон е позната како momjjang ajumma, што би значело мајка со неверојатна фигура. Верувале или не, оваа фит Јужнокорејка има 46 години и има родено 2 деца, па не е тешко да се види зошто таа е инспирација за многу жени кои имаат желба да бидат во врвна физичка форма.
Но, Џунг не изгледала секогаш толку младолико и немала толку витко тело. Пред десет години, по втората бременост, таа имала 70 килограми и била обична домаќинка. Но, еден ден решила дека мора да направи големи промени и преку здрава храна и физичка активност успеала во период од три месеци да симне 20 килограми.
„На почетокот идејата не беше да имам убаво тело. Започнав да вежбам затоа што имав болки во грбот. Вежбањето не само што ми помогна да си го вратам здравјето, туку и ми ја промени фигурата. Фановите сега ми се мотивација. Претходно вежбав за себе. Но сега го правам за да им помогнам и на други. Никогаш не помислував дека би можела да им помагам на други луѓе и дека тоа толку ќе ме усреќува“ – изјавила таа.
Откако гостувала во неколку телевизиски емисии низ Јужна Кореја и Јапонија, Џунг станала многу популарна и илјадници жени биле заинтересирани за нејзиниот режим на исхрана и вежбање. Набрзо таа издала книги и DVD-а со вежби и отворила повеќе фитнес центри.
Денес Џунг е милионерка благодарение на вниманието кое го добила по нејзината трансформација.
„Вежбањето треба да ви биде навика, како миењето на забите или туширањето. Треба да го практикувате долгорочно. Поставувањето на краткорочни цели не помага. Треба да мислите дека ќе го правите тоа до крајот на животот“ – вели таа.
Еве дел од нејзината програма „Figure Robics“: