Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Мајчинската љубов на една лавица

ФОТО: Мајчинската љубов на една лавица

Се вели дека мајките се како лавици и би се бореле со сè и сешто за да го заштитат своето бебе кога е во опасност. Фотографиите кои ќе ги видите подолу се потврда зошто е правилна таквата компарација.

На драматичните фотографии може да се види бестрашна лавица која го спасува своето малечко, кое со последните сили се обидува да се задржи за да не падне в провалија.

Откако го слушнале повикот за помош на малото лавче, до стрмната провалија дошле четири лавици и еден лав. Лавиците веднаш тргнале да помогнат во спасувањето, но биле обесхабрени од големата провалија.

Лавица и мало лавче Лавици на работ на провалијаЛавиците на работ на провалијата

Тогаш, мајчинскиот инстинкт ѝ дал поттик на една од лавиците да слезе по стрмината и да го спаси беспомошното лавче.

Лавица го спасува своето лавче Лавица го спасува своето лавче
Лавицато и малото лавче Лавица и лавчеЛавицата задоволно го лиже своето лавче

Фотографиите кои разнежнија милиони интернет корисници биле сликани од фотографот Жан Франсоа Ларгот во резерват во Кенија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.