Можеби лавот се нарекува крал на животните, но дури и тој ја наведнува главата кога лавицата има нешто да каже.
На интересните фотографии се гледа како лав плашливо ја наведнува главата додека лавицата предупредувачки рикнува над него.
Причината за таквата реакција на лавицата е што лавот во текот на игра со нивното лавче, го превртел малечкото на земја.
На фотографиите снимени во зоолошката градина во Вашингтон се гледа како малото лавче најпрво ја гризе опашката на својот татко за да го привлече неговото внимание.
Потоа лавот се вклучува во играта и започнува да го брка лавчето, брзо го стигнува и продолжува да си игра со него. Нивната игра била прекината од лавицата која заштитнички скокнала во одбрана на своето малечко. Изгледа како да сака да му каже на лавот: „Не биди толку груб со детето!“.