Кевин Ричардсон има оформено силно и уникатно пријателство со лавови, изградено на доверба и заемна почит. Бестрашниот зоолог уште од мали нозе покажувал интерес кон животните, без разлика на нивната големина, и израснал во маж кој без страв може да ја премине границата помеѓу луѓето и големите предатори.
„Тој не ги користи вообичаените методи за кршење на духот на животните со стап и синџири, наместо тоа користи љубов, разбирање и доверба. Со помош на невообичаени методи на тренирање, тој разви неверојатна лична врска со неговите студенти. Тој спие со лавови, се гушка со новородени хиени и плива со лавици. Кевин може самоуверено да погледне во нивните очи, да клекне на нивно ниво и дури и да лежи со нив, а сепак да не биде осакатен или нападнат“ – пишува во биографијата на Кевин.
Пред два месеци Ричардсон успеа да пресели 27 возрасни лавови од една локација на друга во комбе. „Лавовите не се безумни човекојадци. Тие се многу толерантни кон луѓето ако ги почитуваш. Развив многу интимна врска со моите лавови во текот на 15 и пол години и таа се основа на заемна почит“ – изјавил тој.
Погледнете ја длабоката поврзаност меѓу Кевин и лавовите: