Малите Џианг Јунлонг, Џианг Јунксиао, Џианг Јунхан и Џианг Јинлин се толку слични што дури и нивниот татко тешко може да ги разликува. Кога дошол момент четирите браќа да започнат да одат на училиште, нивната мајка одлучила да им направи различни фризури со цел учителите да можат да ги распознаваат.
Пред првиот училиштен ден, мајката ги однела идентичните браќа на бербер кој им ги избричил главите, но им оставил малку коса во форма на цифрите 1, 2, 3 и 4.
„Моите синови се идентични. Пред да наполнат 18 месеци можев да ги разликувам само по различните ремчиња на глуждовите на нозете. Нивниот татко дури ни сега не може да ги препознава. Понекогаш се случува да го казни второто за грешка што ја направило третото. Учителите и соучениците нема да се збунуваат сега кога имаат големи бројки на главата“ – изјавила Тан Чаојун, мајката на четворката.
Погледнете видео: