Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Мајка ги овековечува слатките дружби на синчето и семејното куче родени на ист ден

ФОТО: Мајка ги овековечува слатките дружби на синчето и семејното куче родени на ист ден

Фотографка од Чикаго создава драгоцени спомени за својот син, овековечувајќи го неговото пријателство со семејното куче со кое се родени на ист ден.

Бебе и куче

Ивет Ајвенс и нејзиниот сопруг биле во потрага по домашно милениче со кое ќе расте и игра нивниот син Дилан кога го пронашле кучето Фарли. Фарли бил роден на ист ден со Дилан, па Ивет знаела дека е судено малиот француски булдог да стане дел од нивното семејство.

Како што растеле, Дилан и Фарли станувале сè поблиски и поблиски. Сакајќи да му овозможи прекрасен спомен на својот син, посветената мајка решила преку фото-серијал да ги овековечи заедничките моменти на неодоливото дуо.

Бебе и куче Бебе и куче Бебе и куче

„Фарли е секогаш околу нас и го следи Дилан насекаде. Трпеливо си игра со него и се обидува да не грчи додека спијат. Искрено, тоа е најнеодоливата врска – чиста, безусловна, незаменлива и нераскинлива“ – изјавила Ивет за The Huffington Post.

Бебе и куче Бебе и куче

„Фарли всушност ми помага многу. Го чисти нередот откако Дилан ќе дојаде и секогаш му го лижи вратчето на Дилан кога плаче, па тој започнува да се смее на цел глас. Многу е слатко“ – рекла 25-годишната фотографка.

Бебе и куче Бебе и куче Бебе и куче Бебе и куче Бебе и куче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.