Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Уникатно пријателство меѓу човек и поларна мечка

ВИДЕО: Уникатно пријателство меѓу човек и поларна мечка

Секој би се преплашил ако дојде во контакт со поларна мечка. Големите заби и канџи на масивното бело животно не се спокојна глетка за најголем дел од луѓето. Но, Марк Дума е меѓу ретките луѓе на светот кои без страв би се доближиле до поларна мечка, или барем до поларната мечка која му е како домашно милениче.

Марк и Еги

Марк и мечката Еги имаат оформено уникатно пријателство, што е изградено на огромна доверба. Тие заедно спијат, се бакнуваат, си играат и пливаат во базенот на неговиот дом.

60-годишниот тренер на животни има толку голема доверба во Еги што не се плаши да го стави неговиот врат во нејзината голема уста, иако поларните мечки се најголемите месојадци кои се движат по копно.

Марк и Еги

„Ако некој друг го направи истото, ќе заврши како вечера за Еги. Единствените луѓе што ги сака сме јас и жена ми Дон“ – изјавил Марк за британскиот The Sun.

Неповторливото пријателство започнало во 1995г., кога Марк и неговата сопруга го посвоиле шестмесечното мече од зоолошка градина во Шведска.

Марк и ЕгиМарк со Еги кога беше мало мече

Оттогаш Марк ја тренира Еги за различни филмови и реклами. „Работев со мечки 40 години, па можам да го читам јазикот на телото на Еги и знам како да се однесувам безбедно“ – објаснил Марк.

Погледнете видео од нивната дружба во базен:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.