Малечко маче кое било напуштено и имало потреба од човечка грижа, било вдомено од семејство со шест феретки. Мачето Комари брзо се привикнало на новото друштво и им станало како малечка сестра на феретките.
Комари било пронајдено кога имало само пет недели, па бидејќи било изгладнето, семејството веднаш решило да го згрижи и да му даде покрив над главата.
Слатките фотографии од малите животни го обиколија интернетот.