Малата Мејхем во 2014 година го одушеви светот со своите фустани од хартија, а сега ја користи креативноста за да ги пресоздава впечатливите модни креации на славните. Мејхем има само 6 години, но веќе може да се пофали со своја колекција облека за брендот J. Crew и со половина милион следбеници на Instagram.
Мејхем имала 4 години кога ја изненадила својата мајка Енџи со желбата да создава облека од најразлични материјали. По предлог на мајка си, Мејхем го дизајнирала својот прв фустан од хартија, а потоа нивното хоби прераснало во сериозен проект.
За изработка на фустаните, креативното дуо користи секакви видови на хартија, од тоалетна хартија и хартија за подароци до листови од списанија, а идеите ги црпи отсекаде. „Идеите се 50/50. Но, Мејхем прави повеќе отколку што повеќето луѓе би поверувале. Тоа е и убавото во овој проект, ја гледам како учи нови способности секој ден“ – изјави Енџи.
Во 2015 година, американската компанија J. Crew ја ангажираше Мејхем да ја дизајнира својата прва колекција.