За време на новогодишните и божиќните празници секој дом е декориран со сијалички, елки и други празнични украси. Некои вложуваат многу повеќе труд и средства во украсувањето од други, но има и такви кои одат во крајности.
Семејството Фочер од Делавер 23 години по ред го украсува својот дом со неверојатни 1 милион сијалички, а нивното светлечко шоу секогаш привлекува многу внимание.
Нивната традиција не само што одзема многу време, туку и чини многу пари. Од веб сајтот House Logic пресметале дека ако веселото семејство ги чува запалени сијаличките 4 часа дневно во текот на еден месец, тогаш сметката за струја ќе им биде 82 230 долари. А ако семејството користи економични сијалици, сметката тогаш би била 10 680 долари.
Очигледно ова може да го направи само некој кој екстремно многу ги обожава новогодишните празници.