Кучето со големи уши, Харбор, официјално влезе во Гинис. Тоа го доби признанието „куче со најдолги уши на светот кое сè уште е живо“.
Десното уво на Харбор е долго дури 34,3 сантиметри, а левото 31,1.
Неговата сопственичка е горда што Харбор успеал да влезе во Гинис. „Тој беше роден со долги уши“ – изјавила Џенифер Верт и открила дека кога бил мал, Харбор често се сопнувал од своите уши и се тркалал по скалите.
Сега долгите уши веќе не се толку голем проблем за 8-годишниот Харбор, а секогаш успеваат да измамат многу насмевки и да привлечат големо внимание.