Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Костим за капење од $1050 со кој не треба да се влегува во вода

ФОТО: Костим за капење од $1050 со кој не треба да се влегува во вода

Модните брендови често знаат да претстават чудни креации. Меѓу нив може со сигурност да се вброи и костимот за капење на Hervé Léger, со којшто не се препорачува да влегувате во вода.

Сајтот Net-a-porter кој го продава овој едноделен костим им препорачува на купувачите да не се капат со него. Но, и покрај таквото предупредување, пишува дека може да се пере во машина.

Hervé Léger Hervé Léger

Виолетовиот костим чини 1050 долари и очигледно е направен само за седење под сенка, затоа што дури и ако некој го купи за да се сонча со него, ќе добие непријатни шари по телото.

Hervé Léger Hervé Léger

Ова не е прв пат да видиме апсурдно парче облека. Минатата година компанијата Rodarte направи чорапи кои не можат да се перат во машина, а кои чинат 500 долари.

RodarteЧорапи Rodarte

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18915 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.