Почетна » Убавина и мода » Мода » Костими за капење според формата на телото

Костими за капење според формата на телото

Летната туристичка сезона започнува. Но, освен убави чувства, таа буди и мала паника кај жените. Тоа е оној период во годината кој нè потсетува дека треба да бидеме чести посетители на фитнес салата, дека треба да ги броиме калориите, да пронајдеме најздрав и најефективен начин да си го подобриме тенот и последно, но не помалку важно – да најдеме совршен костим за капење.

Познавањето на последните модни трендови не е доволно за да пронајдете костим за капење во кој ќе изгледате најубаво. Потребно е да знаете да одберете костим кој најдобро ќе одговара на формата на вашето тело. А за да го направите тоа, треба да научите да ги балансирате пропорциите на телото.

Големо стомаче

За најголем дел од жените, најпроблематични области на телото се половината и стомакот. Ако и вам големото стомаче ви смета на самодовербата, најдобро е да побарате едноделен костим изработен од ликра, за да може да ве стегне во проблематичните делови.

Едноделните костими кои имаат насобран материјал во областа на стомакот (на средината или кон едната страна) се одличен избор, затоа што ќе ѝ дадат на вашата фигура изглед на песочен часовник. Танкините исто така се добар избор, но многу жени ги избегнуваат, затоа што не изгледаат особено модерно.

Ако сте обожавателка на бикините, тогаш потребно е да внимавате долниот дел да биде со висок струк и по можност во темна боја.

За да го одвлечете вниманието од половината и стомакот, привлечете го кон деколтето. Костимите со длабок V-изрез се секси, модерни и со сигурност ќе ги одвлечат погледите од стомакот и ќе ги насочат нагоре кон вашето деколте.

Едноделен костим за капење со длабок V-изрез Едноделен костим за капење со висок струк

Мали гради

Втора најчеста грижа на жените кога треба да се појават на плажа се малите гради. За среќа, во денешно време има огромен избор на модели кои им даваат одлична потпора на градите и ги поткреваат, визуелно правејќи ги поголеми.

За дополнително да направите градите да изгледаат уште поголеми, избирајте костими во светли бои, бикини на кои горните делови им се со триаголна форма и се со набори или метални додатоци. Бикините со прерамки кои се врзуваат зад вратот се најдобар избор.

Ако горниот дел на бикинито е со хоризонтални линии, автоматски добивате и поголеми гради.

Бикини со горни делови во форма на триаголници Бикини со горни делови во форма на триаголници

Големи гради

Жените многу ретко се жалат дека имаат преголеми гради, но тоа не го прави овој проблем помал. Ако имате големи гради, прво и основно нешто што треба да барате кај костимот за капење е убав горен дел со жица или корпи, кој ќе им даде силна потпора на градите, за да стојат подигнати.

Костимите чиј горен дел е еднобоен се идеални за вас. Со помош на дезени или повеќе боја во долниот дел ќе го одвлечете вниманието од деколтето.

Ако барате секси изглед, не ги игнорирајте монокините со V-изрез, затоа што умерено ги истакнуваат големите гради.

Бикини Едноделен костим за капење со длабок V-изрез

Широки колкови

Благодарение на бојата можете да добиете визуелно помали колкови. Ќе постигнете многу добар ефект ако изберете бикини кои се со светол горен дел и темен еднобоен долен дел.

Монокините со V-изрез ќе го одвлечат вниманието од колковите.

Бикини Едноделен костим за капење

Совет:

Без разлика каков модел ќе изберете, важно е да запомните дека дезените и светлите бои служат за акцентирање. На пример, ако ја губите самодовербата поради вашиот задник, тогаш носете бикини чиј долен дел е еднобоен и во темна боја.

Па, нема причина зошто уште да чекате. Грабнете го паричникот и тргнете во потрага по совршениот костим за капење кој со нетрпение ќе очекувате да го облечете и во којшто со гордост ќе го покажувате своето тело.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20928 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.