Почетна » Новости » Истражувања » Жените и стравот од бикини

Жените и стравот од бикини

Летото е на прагот и сигурно сè почесто размислувате за летен одмор и излежување на плажа. Но, ако има едно нешто што ги плаши жените кога станува збор за уживањето на плажа, тоа најверојатно е нивниот изглед во бикини.

Според истражување на списанието Fitness, жените не се толку загрижени дали мажите ќе ги сметаат за секси или не кога носат бикини, колку што се загрижени за критиките од другите жени.

Дури 80% од жените изјавиле дека кога носат дводелно бикини, другите жени им испраќаат критички погледи и внимателно ги меркаат од глава до пети, а 89% се согласиле дека жените се најголемите и најстрогите критичари на плажа или покрај базен.

Жена во бикиниСамо 11% од жените се чувствуваат убаво и самоуверено кога носат бикини

Жените се многу самокритички настроени кон своето тело. Така, 60% од испитаничките сметаат дека другите жени се во подобра форма од нив, а 53% се чувствуваат љубоморни и несигурни кога се во близина на друга жена со „убиствена“ фигура.

По овие податоци, веројатно нема да ве изненади фатот дека само 11% од жените се чувствуваат самоуверено кога носат бикини.

Еве уште неколку интересни факти за врската жени-бикини:

  1. Жените сметаат дека Џенифер Анистон има најсоодветно тело за бикини. 37% од учесничките изјавиле дека сакаат тело како на Анистон. Жените најмногу посакуваат да имаат бикини тело како на:
    • Џенифер Анистон (37%)
    • Џенифер Лопез (27%)
    • Бијонсе (20%)
    • Камерон Дијаз (11%)
    • Гвинет Палтроу (6%)
  2. Повеќе од 80% од жените побрзо би отишле на плажа со пријателка со совршено бикини тело, отколку со пријателка која веднаш би поставила слики на Фејсбук од нивната посета на плажа.
  3. 43% од жените засекогаш би се откажале од Фејсбук ако за возврат добијат тело како модел за костими за капење. Други 23% за убаво тело би се откажале од својот мобилен телефон, но само во текот на 1 година.
  4. Секоја петта жена би отишла на нудистичка плажа.
  5. Градите (деколтето) се оној дел од телото кој жените најмногу сакаат да го покажат кога се на плажа.
  6. Ако Џастин Тимберлејк ги покани на плажа, 36% од жените би го одбиле затоа што сметаат дека не се во доволно добра форма.
  7. 25% од жените не веруваат дека постои некој којшто е доволно искрен за отворено да им каже дали им стои убаво костимот за капење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.