Том Форд, Версаче, Викторија Бекам, Александар МекКвин, Прада, Луј Витон и Гучи се само неколку од многуте луксузни брендови кои направија своја верзија на мечето Падзи за хуманитарни цели.
Секој дизајнер го создаде познатото мече со материјали, принтови, бои и текстури карактеристични за сопствениот стил. Уникатните изданија на Падзи ќе бидат ставени на аукција, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарната иницијатива на BBC „Children in Need“.
Мечето Падзи всушност е маскота на хуманитарната акција на BBC, која од 1980 година до денес има собрано над 600 милиони фунти за хуманитарни организации коишто работат со деца.