Њујоршкиот фотограф Џордан Метер пред три години започнал да фотографира танчари во ситуации од секојдневието. Неговиот проект „Dancers Among Us“ веднаш стекнал популарност, па Џордан започнал да патува со танчарите на различни локации низ целиот свет.
Преку несекојдневните фотографии тој се обидува да ги долови моментите во кои емоциите се премногу силни за да бидат изразени преку зборови.
„Танчарите се раскажувачи на приказни. Тие се тренирани со нивните тела да ја уловуваат страста. Често креираат свет на фантазии или ни нудат подлабок поглед кон познатите средини. Тие го оживуваат она што го чувствуваме, но кое повеќето од нас не можат да го изразат физички поради отсуството на мајсторство или атлетицизам“ – објаснува тој.
Фотографиите на Џордан сега се дел од неговата нова книга „Dancers Among Us: A Celebration of Joy in the Everyday“.
„БИДЕТЕ страсни, радосни, еуфорични, интензивни, лути, присутни, ЖИВИ“ – порачува авторот.