Гинисовата книга на рекорди 2012, која официјално е објавена денес, е полна со интересни, но и бизарни приказни и постигнувања. Меѓу среќните кои успеале да си обезбедат место во неа е и Крис Волтон, жената со најдолги нокти на светот.
45-годишната баба ги растела ноктите 18 години и сега може да се пофали со вкупна должина од 3 метри на левата рака и 2,9 метри на десната.
Крис, чие уметничко име е „Војвотката“, вели дека и покрај ваквата должина таа успева да се снаоѓа низ домот и да се грижи за себе, па дури и да се шминка сама.
Сега, откако има гарантирано место во Гинис, таа планира да се ослободи од долгите нокти, но ќе ги сече малку по малку, за полесно да се прилагоди на промената.