Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Деца од Сибир „вежбаат“ на -25°C

ФОТО: Деца од Сибир „вежбаат“ на -25°C

Замрзувате во вашата топла зимска облека? Можеби ќе ве обземе неверојатна топлина откако ќе видите како мали деца го започнуваат денот во Сибир.

Дечиња од градинка во градот Барнаул се преливаат со вода од пластични кофи за време на секојдневна активност која би требало да им го покачи имунитетот.

Деца во Сибир Деца во Сибир Деца во Сибир

Директорката на градинката, Олесија Осинецева, која 16 години работи со деца, е убедена дека ваквата вежба на снегот го подобрува здравјето на децата.

„Пред 18 години, родители и доктори се собравме за да зборуваме за здравјето на нашите деца. Сите фаќаа грип и имаше моменти кога половина од децата од градинка не беа добри со здравјето. Беше очигледно дека треба да се стори нешто за да израснат посилни и да бидат поотпорни на вируси. Тогаш дојдовме до идејата да им го зголемуваме имунитетот со вежбање со кофи со ладна вода, надвор на ладното“ – изјавила Олесија.

Деца во Сибир Деца во Сибир

„Шестмесечните вежби со вода ни покажаа поголема отпорност кон болести. Нашите деца сега имаат можност да одат во градинка и да не настинат дури и ако некој има инфекција“ – објаснила Олесија.

Се разбира, родителите имале можност да изберат дали ќе дозволат нивните деца да бидат вклучени во оваа активност.

Деца во Сибир

Децата кои учествуваат, излегуваат на ладното 90 секунди, туширајќи се со ладна вода и играјќи си во снегот.

Во следното видео можете да видите како децата го започнуваат денот на -10°C:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.