Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Во најскапата и најекстравагантната куќа на светот

ФОТО: Во најскапата и најекстравагантната куќа на светот

„Vanity Fair“ успеа да влезе таму каде што биле само малкумина – во најскапиот, најлуксузниот и најекстравагантниот дом на светот.

Изградена во Мумбаи, грандиозната куќа е на 27 ката и има површина од 37.100m2, а е во сопственост на најбогатиот Индиец, Мукеш Амбани. Куќата која се проценува дека вреди повеќе од 1 милијарда долари е наречена Антилија и во неа живеат Мукеш, неговата сопруга Нита и нивните три деца.

Најскапата куќа на светот

Иако надворешноста на куќата нема да ве поттикне да речете „wow“, ентериерот на домот на богатото семејство е ултра луксузен. „Тоа е модерен дом со индиско срце“ – изјавила Нита.

Во изминативе неколку месеци многу медиуми шпекулираа дека најскапата куќа останала празна и дека сопственикот не сака да живее во неа затоа што таа не ги исполнува условите на васту шастра, индиска форма на архитектура која е сродна со фенг шуи. Но, Нита вели дека тоа не е вистина и дека живеат во огромниот дом од септември минатата година.

Погледнете ги фотографиите преку кои Нита го претставува својот дом:

Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот

Пред една година се појавија и следниве фотографии кои го доловуваат луксузот на Антилија

Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот Најскапата куќа на светот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.