Првиот бакнеж на штотуку венчан пар е еден од најважните и најслатките моменти на свадбите. Возрасните го проследуваат со нежна насмевка на лицата, но три девојчиња покажаа дека првиот бакнеж на младенците може да буди најразлични емоции.
Фотографијата на која се уловени реакциите на мали девојчиња на бакнежот на заљубен пар забрзано измамува насмевки на интернет.
Додека првото девојче е шокирано од размената на нежности, второто се обидува да го избрише тој момент од своите сеќавања, а најголемото заинтересирано го набљудува неповторливиот момент.
Ќе признаете, детските реакции се бесценети!