Десет дена по поставувањето на белите дробови во центарот на Белград, тие станаа сосема сиви! Сликовит пример кој покажува што жителите на поголемите градови секојдневно вдишуваат.
Вештачките бели дробови направени од памук, се всушност креативен начин за промоција на MK Mountain Resort на Копаоник. Кампањата е дело на агенцијата Меккен Скопје, а реализирана од Меккен Белград. Со слоганот „Вдиши длабоко“ белграѓани се повикуваат барем за кратко да ги ослободат своите бели дробови од аерозагадувањето и да ги наполнат со чистиот воздух на Копаоник. Белите дробови го привлекоа вниманието на граѓаните, а кампањата поттикна разговори и дебати околу тоа што секојдневно вдишуваат белграѓани.
Се прашуваме, како ли би изгледале белите дробови ако ги поставиме во центарот на Скопје?