Првата хит фотографија за 2013 година покажува несекојдневен момент – новороденче посегнува со раката од утробата на мајката за да го зграби прстот на докторот.
Фотографијата била направена од Ренди Аткинс, среќниот татко на бебето. На неа јасно се гледа како малата Невеа (Nevaeh или на англиски рај, но напишано обратно) се „поздравува“ со нејзиниот доктор неколку секунди пред да дојде на свет.
Мајката Алисиа, која се породувала со царски рез, изјавила дека на почетокот не сакале да ја покажуваат фотографијата бидејќи се плашеле од негативни реакции. Но, повеќето од луѓето кои ја виделе фотографијата воопшто не ја оцениле како одвратна, туку како бесценета.