Исто како и снегулките, секој пијалок е различен по својот состав. Пред неколку месеци имавме можност да ѝ се воодушевуваме на убавината на снегулките по микроскоп, а сега погледнете каква убавина се крие во алкохолните пијалоци со кои сакаме да наздравуваме.
На фотографиите се прикажани молекули на некои од најпопуларните коктели и пијалоци во светот, зголемени до 1000 пати со лабораториски микроскоп.
Американската фирма Bevshots им ги нуди на оние кои ја ценат скриената убавина на пијалоците. Од започнувањето на својот бизнис во август 2009 година, тие имаат продадено повеќе од 20 000 уметнички дела.