Кинезот Лиу Ксианпинг стана интернет сензација откако на шега позираше во женска облека за онлајн продавницата на својата внука. Фотографиите на 72-годишниот дедо го обиколија светот и предизвикаа многу насмевки.
Сè започнало додека Лиу ѝ помагал на својата внука да распакува дел од облеката. „Тој избра едно парче и го облече со цел да ни даде совет како да го комбинираме. Ни стана забавно и започнавме да го фотографираме“ – раскажала внуката.
Најголем дел од модните комбинации биле дело на модерниот дедо со чувство за стил, кој подоцна изјавил дека многу се забавувал и дека му е мило што ѝ помогнал на својата внука.
„Зошто да не е прифатливо некој како мене да носи женска облека? Тоа што сум модел за продавницата ѝ помага на мојата внука, а јас немам што да изгубам. Бевме многу среќни на денот на фотографирањето. Јас сум многу стар и единствено се грижам да сум среќен“ – изјавил тој.
„Рекламата“ со Лиу очигледно била ефективна, затоа што продажбите во продавницата се зголемиле за 5 пати.