Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 46 мајки на деца со рак си ги избричија главите за хуманитарни цели

ФОТО: 46 мајки на деца со рак си ги избричија главите за хуманитарни цели

Една од најужасните вести кои една мајка може да ги добие е дека нејзиното најмило е болно од рак. Но, 46 мајки собраа храброст накратко да ја потиснат тагата и да се вклучат во инспиративен настан за да помогнат во финансирањето на истражувања за ракот кај децата.

Настанот „46 мајки се бричат за храбрите“ обедини мајки на деца болни од рак или мајки кои ги изгубиле своите малечки поради рак, за да се подигне свеста за ракот кај најмладите. Точно 46 мајки биле избрани да ја истрижат косата, бидејќи секој работен ден во САД 46 мајки дознаваат дека нивното дете има рак.

„Беше многу емотивно. Секоја мајка тука е мајка на дете со рак, па можеш да зборуваш и сите ќе разберат што точно сакаш да кажеш. Многу е забавно, но и многу тажно. Некои имаат страдано повеќе од други – некои ги нарекуваме мајки на ангели“ – изјавила една од присутните.

46 мајки се бричат за храбрите 46 мајки се бричат за храбрите 46 мајки се бричат за храбрите 46 мајки се бричат за храбрите 46 мајки се бричат за храбрите

Со ќелавите глави мајките успеале да соберат 200.000 долари за „St. Baldrick's Foundation“, организација која ги потпомага истражувањата за пронаоѓање на лекови за децата кои страдаат од рак. Од 2010 година досега организацијата има собрано речиси 1,5 милиони долари.

46 мајки се бричат за храбрите 46 мајки се бричат за храбрите 46 мајки се бричат за храбрите 46 мајки се бричат за храбрите 46 мајки се бричат за храбрите 46 мајки се бричат за храбрите

Жалната вистина е дека секоја година рак е дијагностициран кај 175.000 деца низ светот. „Луѓето мислат дека ракот кај децата нема да им се случи ним, дека нема да влезе во нивното семејство. И јас си мислев така. Но, не бев во право. Ракот кај децата не е ретка појава. Тука е и треба да го поправиме тоа“ – изјавила мајка на 3-годишно дете со леукемија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20947 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.