Денис Киртли му пркоси на стареењето. 53-годишната жена го врати својот младешки сјај трансформирајќи го својот изглед во шестата деценија од животот.
Неуморната Американка започнала да вежба на 49-годишна возраст и сега изгледа фантастично.
Имено, во 2020 година, Киртли покачила 20 килограми поради прекумерното седење, нездравата исхрана и пандемијата со Ковид-19. Но, два месеци пред 50-тиот роденден, решила да направи промена.
Таа започнала да вежба во домашни услови, бидејќи брзо се уморувала и немала енергија. Но, не се откажала. Како што изминувало времето, така нејзиното тело станувало поцврсто и пофит, а енергијата растела со секој изминат ден.
Посветеноста, дисциплината и трпението ѝ помогнаа да симне 22 килограми уште во првата година и да го доведе своето тело во завидна форма. Таа денес се занимава со бодибилдинг и е фитнес тренер.
„Сега имам различен начин на размислување. Имам сосем различно ниво на самодоверба. И тоа не е поради изгледот. Тоа е затоа што си докажав себеси за што сум способна и развив навики кои ми покажаа дека треба да си верувам себеси“ – изјавила Денис.
„Тоа е како искачување на планина. Откако ќе ја достигнеш целта, почнуваш да веруваш дека можеш повеќе, сакаш да направиш повеќе“ – признала Денис, која нема намера да се откаже од кревањето тегови.
Несомнено ќе се сложите дека Денис е вистинска инспирација, која ни покажува дека годините никогаш не треба да нè ограничуваат и спречуваат во постигнување на нашите цели.