На 22 февруари во Веро Центарот ќе започне несекојдневен фестивал на чоколадото наречен „Чоколадна земја“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во изборот од над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, бели, црни чоколади со различни вкусови и разни додатоци. Наменет пред сè за најмладите и нивните родители, но и за сите вистински љубители на чоколадите, овој фестивал ќе донесе многу радост и среќа за сладокусците. Покрај можноста за дегустација, секој посетител ќе може и да купи производи по промотивни цени и да ужива со своите блиски во специјалната и богата програма.
Сите го сакаат чоколадото, без разлика дали се деца или возрасни. Колку и години да имате, со ист интерес ќе уживате во неговиот вкус и ќе сакате да научите нешто плус за вашиот омилен десерт. Во Веро Центарот ќе имате можност да го истражите светот на чоколадото и да ги споделите искуствата со вашето семејство и пријателите.
„Станува збор за фестивал кој за првпат се одржува во земјава и кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција, по што ќе биде препознатлив нашиот град и Веро Центарот. Се потрудивме да донесеме што повеќе производители со цел да го збогатиме овој настан и се надевам дека ќе предизвикаме безброј воздишки кај сите граѓани кои ќе го посетат Веро Центарот за време на фестивалот“ – изјави Костас Теодосијадис, генерален директор на Веро супермаркетите.
Овој фестивал, покрај дегустацијата и можноста да се видат и купат сите чоколадни задоволства, ќе има и едукативен карактер. Имено, првиот викенд ќе бидат организирани чоколадни донации на кои ќе се одржи продажба на рачно изработени чоколади.
Вториот викенд ќе се организира чоко работилница каде дечињата ќе имаат можност да учат да изработуваат чоколадни колачиња и разни други чоколадни форми во придружба на артисти. За третиот викенд предвидени се игри со големо домино, куглање и хулахоп, додека последниот викенд ќе се организира голема детска забава придружена од детски хор, бинго и други забавни игри кои како содржина се предвидени и претходните викенди.
Веро Центарот ги повикува сите дечиња заедно со нивните родители да дојдат и да ги вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само нив.