Моќен момент го прекина фудбалскиот натпревар помеѓу Бешикташ и Анталијаспор во Истанбул.
Обожавателите на фудбалскиот клуб Бешикташ го исполнија стадионот со илјадници плишени мечиња кои ги фрлаа на теренот за децата засегнати од земјотресите во јужниот дел на Турција.
Моментот се случи на 4 минути и 17 секунди од почетокот на натпреварот, што го претставува времето кога се случи првиот разорен земјотрес (04:17 на 6 февруари).
Овој гест доби аплаузи од целиот свет.
Мечињата ќе им бидат доставени на дечињата засегнати од природната катастрофа, во која над 50.000 лица ги загубија животите.
„Нашите фанови организираа значаен настан наречен ‘Оваа играчка е мој пријател’ за време на натпреварот со цел да им дадат поддршка на децата погодени од земјотресот. Навивачите фрлаа шалови, капи и плишени мечиња кои ќе им бидат подарени на децата во регионот на земјотресот“ – изјавиле од тимот.
TURKISH FANS HELP CHILDREN IMPACTED BY EARTHQUAKAmazing scenes at Besiktas, as fans flood the pitch with stuffed animals and toys for the thousands of children affected by the tragic earthquake in Turkey. Football as healing, positive force.pic.twitter.com/GinRRIA0il
— Men in Blazers (@MenInBlazers) February 26, 2023