Бебе, кое преживеа 128 часа под урнатините во Турција и беше спасено, сега се обедини со мајка си.
Три и пол месечната Ветин и нејзината мајка Јасемин Бегдас се повторно заедно 54 дена по нејзиното спасување. Претходно се сметаше дека мајката загинала во земјотресот.
Бебето и мајката се обединиле откако им бил направен ДНК тест за потврдување на нивното крвно сродство. Таткото и двајцата браќа на бебето го изгубиле животот во земјотресот на 6 февруари кој уби повеќе од 50 илјади лица во Турција и Сирија.
„Бебето навистина е чудо. Фактот што преживеа и немаше здравствени проблеми сите нè трогна“– рекла министерката за семејство и социјални услуги на Турција, Дерја Јаник, која го сподели видеото од обединувањето.
54 günlük hasret sona erdi.
— Derya Yanık (@deryayanikashb) April 3, 2023
Enkaz altından 128 saat sonra kurtulan, hemşirelerimizin Gizem Bebek ismini koyduğu Vetin Begdaş 54 gün sonra annesine kavuştu.
Vetin artık bizim de bebeğimiz.
Bakanlık olarak desteğimiz her zaman yanında olacak. pic.twitter.com/66sWKR53z3