Маче со уникатна шара на лицето ќе ве освои. Неодоливото милениче било фотографирано во Франција од Жан-Мишел Лабат, а фотографиите го обиколуваат светот.
Мачките со ваков изглед се нарекуваат химера-мачки, а се верува дека впечатливата шара е резултат на фузија на ембриони. Химера во грчката митологија е мистериозно хибридно суштество составено од делови на повеќе од едно животно.