Издавачкиот центар ТРИ ексклузивно за денот на вљубените, со две купени книги ви ја подарува и книгата „Водич за вљубените“.
Се ближи најромантичниот празник во годината, Св. Валентин, што е причина повеќе да им посветиме посебно внимание на оние што ги љубиме. Обичаите со кои ја покажуваме љубовта и вниманието се разликуваат во одделни земји, но она што е заедничко за сите, е дека кога подарокот е со лична порака, најбрзо допира до срцето на ближниот.
Доколку сè уште размислувате со што да изненадите ваш симпатија или пријател или вашата љубов, Издавачкиот центар ТРИ се погрижи да ви помогне во изборот. За таа цел подготвија пакет од два наслова „Да можеш да ме видиш сега“ од Сесилија Ахерн и „Посакувам да си тука“ од Франсеск Мираљес, кои доколку ги купите, како подарок ќе ја добиете книгата „Водич за вљубените“.
Исполнет со прекрасни совети, факти и анегдоти за љубовта, овој водич ве носи во светот на романтиката преку големите љубовни приказни од сегашноста и минатото, од литературата и од филмот, ви ги нуди најдобрите љубовни рецепти, ве носи на светските топ-дестинации за вљубените и ви нуди уште многу интересни начини да ја изразите љубовта, или пак да го натерате вашиот партнер да го стори тоа. Сѐ што е потребно да знаете за да бидете совршен љубовник, се наоѓа токму во оваа книга!
Одберете подарок со скриена моќ! Нешто што ќе ве релаксира, одмори, а истовремено ќе ви овозможи да доживеете незаборавни искуства, нешто што ќе ве збогати и што барем за момент ќе ви го врати спокојот и мирот. Читајте повеќе!
Промотивен текст