Томислава Дукиќ е новата Мис на Хрватска и ќе учествува на Мис на светот следната година.
25-годишната девојка победи на изборот за убавина одржан во Загреб, на кој се натпреваруваа 12 учеснички.
Убавицата по потекло е од Томиславград, Босна и Херцеговина, а дипломираше кинезиологија во Сплит. Обожава да патува, спортува и има здрав начин на живот. Преку овој голем успех и со помош на титулата, Томислава се надева дека ќе запознае луѓе кои ќе ѝ помогнат да си оствари своите проекти и замисли.
Учесничките се натпреварувале во неколку категории: интервју, спорт, талент, топ модел и мултимедија.
Прва придружничка стана Лана Валентиќ, а за втора придружничка беше избрана Антеа Крниќ.