Интересна случајност носи радост во семејството Мастерс од Тексас. Родителите Вилијам и Ајрин имаат ќерка која е родена на истиот ден како нив.
На 13 јануари, среќните брачни партнери оваа година наполнија по 90 години, а нивната ќерка Шарлот 61 година.
Насмеаното трио се веселеше на интимна семејна прослава во нивниот дом.
„Отсекогаш ми се допаѓаше тоа, многу беше забавно. Како што растев, така сфаќав дека ова е многу невообичаено. Затоа се чувствувам благословена што го делам роденденот со моите родители“ – рекла Шарлот.
„Тато го обожава ова затоа што не треба да се грижи дали ќе го заборави роденденот на мајка ми“ – се шегува Шарлот. „Годишнината понекогаш знае да му биде проблематична за помнење, но ние најчесто му помагаме. Тие се во брак 64 години“ – дополнила таа.
Кога се запознале, Ајрин не можела да поверува дека се родени на истиот ден, па му ја побарала возачката дозвола на Вилијам за да се увери дека е вистина.
Шарлот е нивно второ дете. Таа е родена во 1964 година, а нивната прва ќерка во 1960 година.