Почетна » Новости » Занимливости » „Ти си сакана“: Мајка им подари букет цвеќе на 400 вдовици за да ги усреќи на Денот на вљубените

„Ти си сакана“: Мајка им подари букет цвеќе на 400 вдовици за да ги усреќи на Денот на вљубените

Денот на вљубените може да биде тажен ден за оние кои го изгубиле животниот сопатник.

Токму поради тоа Ешли Менинг има мисија да ги расположува вдовиците на 14 февруари, делејќи им букет цвеќе и кеса со вино и натпис: „Ти си сакана и ценета секој ден. Никогаш немало момент кога си била заборавена“. Наместо да слави со својот сакан, грижливата мајка на 4 деца оваа година им подели цвеќиња на 400 жени кои повеќе немаат сопруг покрај себе.

Ешли Менинг Ешли Менинг Ешли Менинг

Со помош на донации собрани онлајн и 300 волонтери, Ешли успева да усреќи стотици жени на кои ваков гест им е најпотребен на Св. Валентин.

„Едноставно не можете да знаете со што се соочуваат луѓето во тие денови. Ми кажуваат дека за нив е тажен ден и некој утрово доби цвеќе и рече: ‘Ова е првпат да добијам цвеќе по смртта на сопругот’“.

„Се надевам дека ова е нешто што ќе можам да го правам до крајот на мојот живот. Би сакала да ги инспирирам и другите луѓе да го направат истото“ – вели Менинг.

Ешли Менинг Ешли Менинг Ешли Менинг Ешли Менинг Ешли Менинг

На нејзината објава на Instagram пишува: „Млади и стари волонтери работеа заедно за да им донесат радост на жени кои го изгубиле сопругот. Заедно, ќе придонесеме тие да се чувствуваат сакано на Денот на вљубените и ќе знаат дека никогаш нема да бидат заборавени“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.