Почетна » Новости » Занимливости » Им подарил каранфили на сите 834 девојки во училиштето за да им измами насмевка на Св. Валентин

Им подарил каранфили на сите 834 девојки во училиштето за да им измами насмевка на Св. Валентин

Внимателен тинејџер успеал да им измами насмевка на сите девојки од училиштето на Денот на вљубените, подарувајќи им цвеќе за да се чувствуваат специјално. Тој поделил вкупно 834 каранфили.

Хајден Годфри

Хајден Годфри во последните неколку години си поставува прекрасна цел на 14 февруари – да усреќи не само една, туку колку што е можно повеќе девојки. За време на првата година како средношколец, тој анонимно им испратил цвеќиња на 30 свои пријателки, во втората година им подарил цвеќе на 20-тина девојки кои изгледале тажно, а во третата усреќил околу 70 девојки на Свети Валентин.

Но, оваа година 17-годишниот средношколец се надминал себеси и успеал да им измами насмевки на лицата на сите претставнички на понежниот пол кои ги познава.

„Сакав да покажам дека Свети Валентин не е само за романтика, туку и за добрина, па се обидов да усреќам колку што е можно повеќе луѓе“ – рекол тој за Today. „Има многу скршени срца на Денот на вљубените затоа што тоа е ден кој се поврзува со тоа да си во врска. Тоа ги повредува лицата кои се сингл, па сакам да ја променам негативната конотација во позитивна“ – додал тој.

Хајден Годфри Хајден Годфри

Хајден набавил околу 900 цветови со заштеда која ја собирал една и пол година, работејќи во ресторани и супермаркети. Потоа, со помош на 20 доброволци од училиштето одел од училница во училница за да ѝ посвети внимание на секоја девојка.

„Денес подарив 900 каранфили, по еден на секоја девојка во средното училиште Скотс Валеи и апсолутно вредеше. Ништо не може да се спореди со тоа да ја гледаш секоја девојка во твојот живот како држи цвеќе додека минува низ ходниците“ – напиша Годфри на Facebook.

Хајден Годфри

Сепак, најубавиот гест Хајден го чувал за својата девојка Лилиен со која е во врска 6 месеци и ѝ подарил каранфил и билети за концерт на дуото „A Great Big World“. „Кога започнавме да се состануваме ѝ кажав за мојата голема идеја за Свети Валентин и таа ме поддржа 100%“ – рекол Хајден, кој не планира да престане со прекрасната традиција откако ќе се запише на факултет.

Хајден Годфри и Лилиен Хајден Годфри и Лилиен

Не само што стотици девојки му се заблагодарија на внимателното момче, туку и многу родители му искажаа благодарност. „Твојот пример не само што ги трогна оние кои добија цвеќе, туку сите нас кои слушнавме и прочитавме за тоа“ – пишува на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.