Не дозволувајте очите да го излажат вашиот стомак и да ви го разбудат чувството за глад. Примамливите торти и колачи од фотографиите се само скулптури од глина.
Ахлам Алнаџди е најпопуларната девојка на Instagram од Саудиска Арабија, а има над еден милион следбеници благодарение на малите дела кои ги создава.
30-годишната самоука девојка од Ријад создава реалистични скулптури кои потоа ги фотографира. Главна тема е храната. „Луѓето најмногу од сè сакаат храна“ – изјавила таа за BBC, објаснувајќи зошто се фокусира на неодоливи јадења.