Татко на интересен начин се зближува со двете мали ќерки.
Шолом Соломон со Зои и Оливија се облекуваат во различни костими и создаваат забавни фотографии кои ги споделуваат на профилот sbsolly на Instagram.
„Будалењето со девојчињата и правењето на овие забавни фотографии беше големо задоволство. Се надевам дека ви донесоа исто толку радост колку што ми донесоа и мене додека ги правев“ – пишува тој.
Шолом се прослави во 2017 година, кога создаде фото-серијал со Зои. Тој вели дека ќе го документира растењето на децата на овој начин додека тие му дозволуваат.